Забава Избор

Во недела концерт на групата „Мизар“ во Национална филхармонија

Охрид, 10. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Култната македонска рок група „Мизар“ во недела, на 12-ти мај, со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт на сцената на Национална филхармонија.

Инспирирана од македонскиот фолклор и авангардниот бран на ХХ век, а длабоко вткаена во византискиот мистикос, програмата на овој концерт ќе биде презентирана од внимателно избрана група од најдобрите македонски музичари. Концертот е насловен „Мизар и Хармосини – Гласови“, а се очекува да настапат 17 македонски музичари-инструменталисти, предводени од Горазд Чаповски, хорот „Хармосини“ и аранжерот и диригентот Дени Омерагиќ кои ќе ги донесат безвременските: 1762, Амфилохиј, Дождот, Глас, Почесна стрелба и многу други песни.

Бендот работи од 1981 година, а прв вокалист беше Ристо Вртев. Горазд Чаповски е единствениот постојан член од основањето на групата која полни 40 години е на врвот на македонската алтернативна музичка сцена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука