Миовски: Овие награди ми докажаа дека сум почитуван во Абердин

Македонскиот голгетер Бојан Миовски ги доби признанијата за фудбалер на годината на Абердин, во изборот организиран од самиот клуб и неговите соиграчи.

Миовски по добиените награди испрати порака на социјалните мрежи.

„Благодарност до сите наши фанови и до сите кои гласаа за мене. Ми покажавмте колку многу ви значи тоа што го правам на теренот. Овие награди ми докажаа дека се што сум направил со срце за Абердин е почитувано. Јас ќе продолжам да правам се“, изјави Миовски.

Пред неколку дена Миовски се најде во тимот на сезоната во шкотската Премиерлига.

Се вчитува...