Една изјава ќе му пресуди на Тен Хаг

Косопственикот на Манчестер јунајтед, сер Џим Ретклиф, кој ги презеде фудбалските операции во Црвените ѓаволи, донел конечна одлука да го отпушти менаџерот Ерик тен Хаг на крајот од сезоната.

Ретклиф од самото доаѓање во Јунајтед порача дека Тен Хаг не е идеален тренер за Црвените ѓаволи, а сега одлучил да се раздели со него поради изјавата по полуфиналниот натпревар од ФА купот. Манчестер јунајтед водеше со 3:0 против Ковентри, но во финалето на ФА купот се пласира по подобро изведување на пенали.

Тен Хаг по натпреварот изјави дека и покрај тоа што неговите играчи испуштија предност од три гола против екипа која игра во Чемпионшип дивизијата, тој е задоволен од играта и победата.

„Добро се покажавме во пеналите. Имавме контрола на натпреварот 75 минути и потоа можеме само да му дадеме комплименти на Ковентри за тоа што играчите го направија во последните 15 минути. Јасно е дека мораме да играме подоро. Многу зборувавме за тоа, имавме добитна позиција, но не ја задржавме одговорноста и требаше лесно да го добиеме натпреварот“, е изјавата на Тен Хаг поради која повеќе од извесно е дека ќе добие отказ од Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести