Македонија
Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови, во Гостивар 250 места
Министерството за образование и наука објави Конкурс за прием (сместување и исхрана) на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година.
Според конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, во 18 ученички домови низ државата слободни се вкупно 2500 места. Од нив, 824 се во пет ученички домови во Скопје.
Во ученичкиот дом во Битола има 310 легла, во Велес 221, во Гостивар 250, Кавадарци 100, Куманово 120, Кратово 33, Крива Паланка 60, во Македонски Брод 50, Охрид 120 легла, Свети Николе 106, Струмица 96, Струга 140 и во ученичкиот дом Штип се на располагање 70.
Како што е наведено во конкурсот, првенство при прием ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови.
Во конкурсот се наведени условите што треба да бидат исполнети, потребната документација за аплицирање и начинот и постапката за прием на учениците чии пријави ќе бидат прифатени.
Учениците кои ќе се пријават на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.
Рокот за пријавување на учениците кои се запишани во I, II, III и IV година почнува од 25 јуни 2024 година и трае до 10 јули 2024.
Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите „Искра” во Штип и во скопските ученички домови „Партенија Зографски”, „Димитар Влахов“ и „Свети Наум Охридски” не пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување од 1 јули 2024 до 10 јули 2024.
Листата на примени ученици ќе биде објавена на веб-страницата на МОН и на огласната табла на домот најдоцна до 19 јули 2024.
По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од три дена кој се поднесува во Министерството за образование и наука.
-Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15 август 2024 година се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови. Вселувањето на примените ученици во домовите ќе почне од 31 август 2024., се наведува во конкурсот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар