20.05.2024
Почетна / Градина / Миризливата ружа го враќа гласот

Миризливата ружа го враќа гласот

Ружата е одличен цвет што освен убавината ни донира и здравје. По својот изглед тоа е повеќегодишно растение со сиво-зелена боја. Лисјата на растението се наредени едно по друго, долги се помеѓу 5 и15 см и се наоѓаат на рачки.

Цветовите имаат бледорозова боја, а понекогаш се и бели. Нивните гранчиња се кратки, а во дијаметар достигнуваат до 3 см. Лековитите ружи цветаат во текот на месеците јули и август, се рамни, дисковидни.

Најчесто растението може да се сретне низ влажните области, лоцирани во близина на реките и мочуриштата на територијата на целата земја. Со лековита цел се користат како корените така и листовите и цветовите.

Кога се собираат корените, тие се вадат од земјата. Есенските месеци, се препорачливи за да се користи коренот на двегодишните растенија. Додека се уште свежи и полни со сок, се сечат на парчиња со средна големина.

Листовите на лековитата ружа се берат во летната сезона пред да започне пожолтување, а цветовите кога ќе почнат да цветаат. Основната акција на растението е омекнувачка. Таа дејствува и како противозпалително растение. Овие својства го прават баран лек кај различни заболувања на дишните патишта, кај ларингит и фарингитис, кои водат до губење на гласот. Лековитата ружа се применува и надворешно во форма на воден екстракт од корен при различни кожни заболувања.

Види

Домашен сируп што ја запира кашлицата

Овој домашен сируп се подготвува од состојки кои веќе ги имате во кујната, може да …