Со Квотите на денот играте на Милан, Баер, Бенфика, Астон вила и добивката ја множите со 57.29 (Фото)

Петте натпревари кои се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life се со коефициент 1.95 или поголеми и се од четвртфиналето во Лигата на Европа и Лигата на конференции, кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете одличен вкупен коефициент од 57.29.

Првиот предлог е грчко-турската пресметка меѓу Олимпијакос и Фенербахче,и има квота од 2.25. За да се добие оваа квота, потребно е да се одигра дека и двата тима ќе постигнат гол, а мрежите ќе се тресат и во првото и во второто полувреме.

Вториот предлог ја има најмалата квота која изнесува 1.95 и се однесува за дуелот меѓу Астон вила и Лил. Оваа квота се добива ако се одигра дека Астон вила ќе победи и ќе биде постигнат барем едн гол во второто полувреме.

Милан – Рома е дербито на четвртфиналето во Лигата на Европа, а Sport Life ви предлага квота од 2.45 за овој натпревар. За да се добие оваа квота, потребно е да се одигра дека Милан нема да загуби, но и дека двата тима ќе постигнат гол.

Најголемата квота е за дуелот меѓу Баер Леверкузен и Вест хем и изнесува 2.60. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека лидерот во Бундеслигата ќе постигне барем два гола, како и дека Вест хем исто така ќе постигне гол.

И последниот предлог на Sport Life е игра на голови која носи квота 2.05. На дуелот меѓу Бенфика и Олимпик Марсеј се очекува да има барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести