Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Монпелје го прегази Кил, Кјелце со минимална предност ќе патува во Германија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/mhbofficiel

Составот на Монпелје издвојува убедлива победа над Кил од 39:30 во првата средба од четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите.

Домаќините му одржаа лекција на бундеслигашот, го надиграа во двете полувремиња (20-16, 19-14) и имаат отворен пат кон фајналфор турнирот во Келн.

Блескаше голманот Десбоне со 16 одбрани, Пелас и Лен дадоа по седум погодоци. Јохансон и Билик на спротивната страна искомбинираа 15 голови.

Кјелце пак во првото денешно соочување го доби Магдебург со 27:26. Голема борба се водеше во Полска, решеваа нијанси кои беа на страна на домашниот состав кој со плус еден ќе го дочека реваншот во Германија закажан за 1 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни