Јон Фрчкоски од СДСМ во Отворено рече дека како партија ги поддржуваат протестите кои се случуваат, но не се дел од организацијата.Според него, протестите се нормална и природна реакција.„Нашиот принцип е секогаш поддршка на протестите, нормални се и природни но не значи дека стоиме во организација. СДСМ нема органзиациски дел во вчерашните протести. За поздрав е тоа што излегоа на протест. Сите барања ги поддржуваме и секогаш сметаме дека поддршката и слушање на граѓаните за нас е битно и е водилка. СДСМ не е во органзиација но секој наш член што сака да биде дел од протестите, тоа може да го направи ние нема да се мешаме“, рече Фрчкоски.За пожарот во Кочани, тој рече дела полицијата имала основи да реагира уште пред да се случи трагедијата.„Се поставува прашање за селективноста. Не треба владата да има брза реакција, треба институциите да имаат. Ние имаме полициски службеници за кои се води истрага за несторување, непостапување, но ништо не е во корелација со настанот. Полицијата била присутна во дискотеката. Тие налетале на малолетници, на пиротехника, на клуб без лиценца. Настан кој не е пријавен. И сега имате 4 основи по кои требало да превенираат и по кој основ да постапеле немаше да имаме ваков случај и тоа треба да се расчисти“, додаде Фрчкоски.
Пронајдете не на следниве мрежи: