ГРК Охрид вечерва го игра најважниот натпревар во клупската историја. Македонскиот претставник ѝ гостува на унгарска Татабања во првиот меч од финалето на Европскиот куп на ЕХФ, со желба да направи уште еден чекор кон европска сензација. Охриѓани сезонава испишуваат историја на европската сцена, а патот до финалето го трасираа преку драматичната полуфинална победа над Целје по изведување седмерци. Тимот на Борис Ројевиќ покажа карактер и ...
Од сон што пред неколку години изгледаше далечен, до европско финале што денес го живее цел град. ГРК Охрид вечерва во Унгарија ќе го одигра првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп против МОЛ Татабања, во најголемиот меч во историјата на охридскиот ракомет. Првото финално соочување е попладнево од 17 часот во арената „Tatabanyai Multifunkcios Csarnok“, а реваншот, кој веќе се очекува со огромна еуфорија, е закажан за 31 мај во ...
Ракометарите на Охрид се наоѓаат пред последната пречка до освојувањето на пехарот во ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот претставник одигра одлична сезона во ова европско натпреварување и со девет победи и еден пораз (полуфинале од Цеље) стигнаа до двата финални дуели. Противник им е унгарската екипа Татабања, во чии редови настапува и македонскиот интернационалец Филип Талески. Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ од вчера се во Татабања каде ...

