Антонио Конте доби отказ во Тотенхем

Италијанскиот стратег Антонио Конте и официјално доби отказ од местото тренер на англискиот премиерлигаш Тотенхем.

Конте имаше сезона под очекувањата со лондонскиот клуб, а загубените два бода од мечот со Саутемптон во кој од позитива од 1-3 на крајот стигнаа само до бод фудбалерите на Тотенхем, ја прели чашата кај раководството на клубот.

До назначување на нов тренер тимот ќе го води неговиот досегашен помошник Кристијан Стелини.

Се вчитува...