ВИДЕО: Неверојатен пресврт во Автокоманда – Скопје со голот на Димов ги победи „пандевци“!

Вистинска драма се случуваше во Автокоманда во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига за победа на Скопје против „пандевци“ од 2-1.

По мирното прво полувреме, „пандевци“ заслужено дојдоа до предност по убавата акција во 61. минута од средбата. Одлично проигра репрезентативецот Бојан Димовски по левата страна, а Митровски од 12 метри мајсторски стрелаше за водство од 0-1 на струмичани.

Но, потоа пресврт на Скопје за триумф од 2-1. Најпрво младинецот Бујар Хајдари, кој влезе од клупата, не дозволи долга радост на „пандевци“, па со прецизен удар по одбиена топка по шутот на Леонид Игнатов носи израмнување за Скопје во 71. минута од натпреварот…

Се вчитува...