Поврзете се со нас

Англија

Видео од трибините открива нов агол од расправијата меѓу Клоп и Салах

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул си „пукаше во колено“ во последните неколку рунди во Премиер лигата и практично самиот се отпиша од титулата во домашното првенство, нешто што беше потврдено и на вчерашното гостување кај Вест Хем.

По поразите од Кристал Палас и Евертон, Ливерпул покажа карактер и се врати од негатива против Вест Хем, но повторно не ја задржа предноста и на крајот се задоволи со 2:2.

Ова реми прави трофејот во Премиер лигата да биде невозможна мисија, но фановите повеќе зборуваат за распад-системот кој вчера беше виден на стадионот во Лондон, каде до израз дојде и нервозата кај Клоп и Салах.

Двајцата се „зајадоа“ крај аут линијата пред влегувањето на Египќанецот во игра, а покрај прикажаниот агол од телевизиските камери, сега се појави и видео од трибината.

Истото открива дека Салах ладно се поздравил со Јирген пред да дојде до караницата и со таквиот однос го испровоцирал менаџерот, а за да биде уште полошо за двајцата, додека тие се објаснуваа, во истата акција Вест Хем израмни на 2:2 преку Антонио.

Салах очигледно беше незадоволен што влегува толку доцна во игра, а ако Клоп го стави инциентот во втор план, тој порача дека одбива да зборува за да не предизвика „пожар“ со дадената изјава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни