Струмица и Штип УГД како да се претплатија на натпревари кои завршуваат со 3-1 за домаќинот

Одбојкарите на Струмица ја оправдаа фаворитската улога и дојдоа до предност од 2-1 во финалната серија против Штип УГД во првенството на Македонија. Финалето на Првата одбојкарска лига на Македонија одамна не било толку возбудливо, но бранителот на трофејот сега е на една победа од трофејот, откако вечерва на домашен терен ги победи штипјани со 3-1. Резултатот по сетови беше следниот: 25-18, 15-25, 25-17 и 25-15.

Она што е интересно, сите три натпревари од финалната серија завршија со идентични 3-1 за домашната екипа, а следниот дуел помеѓу бранителот на трофејот и актуелниот освојувач на Купот на Македонија е во четврток, овојпат во Штип.

- Оглас -

Најнови вести