Ван Дајк: Не знам дали ќе го продолжам договорот со Ливерпул

Заминувањето на Јирген Клоп од клупата на Ливерпул се очекува да донесе и тектонски промени во играчкиот кадар на 19-кратниот шампион на Премиерлигата. Најверојатно со Германецот од „Енфилд“ ќе замине и Мохамед Салах, а сигурни не се ниту останатите фудбалери.

Капитенот на „црвените“, Вирџил ван Дајк исто така нема решен статус кога станува збор за ова прашање. Неговиот актуелен договор истекува на крајот на следната сезона, а самиот Холанѓанец открива дека нема новости за продолжување на соработката.

„Нема новости за нов договор. Клубот во моментот е зафатен. Јас сум многу среќен тука, го сакам клубот и тоа може да се види“, кратко изјави Ван Дајк.

Се вчитува...