Свет
(Видео) Русија изврши голем воздушен напад врз Украина, погодени четири термоцентрали
Русија изврши уште еден голем воздушен напад врз цели низ Украина со бомбардери Ту-95МС и Ту-92М3, тактички авиони, бродови од Каспиското Море, беспилотни летала. Целите беа главно енергетски објекти, а експлозии се регистрирани во областите Харков, Киев, Хмелницки, Виниција, Ивано-Франковск, Житомир, Дњепропетровск, Тернопил, Черновци, Лавов…
Министерот за енергетика Герман Галушченко потврди напади врз индустриски капацитети во три региони на земјата, додека енергетскиот холдинг ДТЕК објави дека биле погодени четири термоцентрали.
– Опремата на четири термоцентрали на украинскиот енергетски холдинг ДТЕК е сериозно оштетена при нападот – објави компанијатa.
‼️росія атакувала 4 ТЕС ДТЕК, серйозно пошкоджено обладнання
Ворог вкотре масово обстріляв енергетичні об'єкти України.
За попередньою інформацією, на жаль, є постраждалі. Надаємо всю необхідну допомогу.
В ці хвилини енергетики намагаються ліквідовувати наслідки атаки. pic.twitter.com/M43OWYC7s9
— Офіційна сторінка Групи ДТЕК (@DTEK_Ukraine) April 27, 2024
Некои воени блогери наведуваат дека термоелектраната Бурштинска во Ивано-Франковската област и термоелектраната Криви Рог биле погодени од неколку хиперсонични „ками“.
Украина одговори со масовен напад со дрон врз Краснодар и Крим.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 68 украински беспилотни летала.
– Спречени се обидите на режимот во Киев да изврши терористички напади со помош на дронови врз цели на територијата на Руската Федерација. Војниците кои биле на должност над територијата на Краснодарската област пресретнале 66 украински беспилотни летала, додека уште два биле уништени над полуостровот Крим – се наведува во соопштението.
Цел на беспилотните летала камикази биле рафинериите Славјанск-ЕКО и Илски и фабриката за битумен.
Телеграмскиот канал SHOT наведува дека околу 4 часот одекнале експлозии во предградието Славјанск во Кубан. Снимките покажуваат пожар во еден од капацитетите на рафинеријата, додека официјални лица наведуваат дека складиштето за нафта не е оштетено.
Tonight, Ukrainian forces conducted another successful drone attack on the Russian Slavyansk-na-Kubani refinery in Krasnodar Oblast, with multiple drones hitting the facility.
Seen below, a Ukrainian one-way attack drone slams into the burning Russian refinery. pic.twitter.com/nZDqi2Bi0l
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) April 27, 2024
Жителите известуваат дека звукот на моторите претходно се слушал на небото и дека експлозиите одекнувале речиси 30 минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најден е урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Раиси
Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија.
Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан.
Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси денес доживеа „тешко слетување“.
Свет
Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон
Илјадници активисти се собраа во центарот на Тел Авив барајќи предвремени избори и итен договор за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа, а поранешната американска секретарка Хилари Клинтон им се обрати на демонстрантите преку видео врска. Треба да преземете итна акција за да ги вратите дома“, рече Клинтон, пренесува Танјуг.
Амбасадорот на САД во Израел, Џек Лу, рекол дека САД ги продолжуваат преговорите за враќање на заложниците, пишува The Times of Israel. Демонстрантите го блокираа автопатот Ајалон и запалија огнови, барајќи итен договор за ослободување на заложниците од Газа.
Бидејќи демонстрантите одбија да се разотидат по завршувањето на одобрениот митинг, полицијата го прогласи протестот за незаконски и интервенираше за деблокирање на автопатот.Полицијата соопшти дека уапсила осомничен за нарушување на редот на антивладините протести во Тел Авив.
Околу 200 демонстранти излегоа на одделни протести во Ерусалим, кои се одржаа во близина на Кнесетот.
Регион
Поставен рекорд во центарот на Белград: 1.000 гитаристи свиреа истовремено
Концертот на Guitar Art денеска собра 1.000 гитаристи на Трг Република во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти на едно место во Србија свирејќи во рокенрол прослава со познати музичари, пренесе српска „Политика“.
Концертот „1.000 гитари“ ги привлече пред се во центарот на Белград најмладите гитаристи и нивните учители, но заедно свиреа цели семејства, составени од три генерации: дедо, татко и син…
Имаше мајки и ќерки кои „замавнаа“ со белградскиот блуз квартет и специјалните гости на концертот, меѓу кои Дејан Цукиќ, Ју групата, Кики Лесендриќ и Пилотите, Срѓан Гојковиќ Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура. „Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменуваме силиконите за витамини на Трг Република. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура за Танјуг.
За неколку минути неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на Трг Република да уживаат во првокласен музички настан.