Вести Македонија

Корупцијата во Македонија продолжува да расте посочуваат од Стејт Департментот и Фридом Хаус

Сериозна владина корупција и политички унапредувања во судството и обвинителството, кои беа забележани во извештајот на Стејт Департментот, се најматен корупциски настан во месец април, според редовната месечна анализа „Бистро-матно“ на Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Во матните настани се и извештајот на „Фридом хаус“ за назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата, потоа двете одлуки на Управниот суд за конкурсот во Академијата за судии и обвинители и за поништување на над 3.000 вработувања и унапредувања во државната администрација.

Во матните настани е и жалбата на граѓаните до Омбудсманот поради одолжување на предистражни кривични истраги и застарување на тие дела. Измените на Кривичниот законик во септември и натаму се на врвот на матното и според странските извештаи и според домашните антикорупциски набљудувачи.

Во септември 2023-та година, Владата усвои измени на Кривичниот законик, значително намалувајќи ги казните за кривичните дела поврзани со корупција. Анкетите покажуваат дека јавноста не верува во судството. Унапредувања проследени со политичко влијание, без заслуга и транспарентност се случуваат во судовите и во обвинителството”, соопштија во извештајот Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Сепак покрај ваквите матни настани, според месечното истражување, постојат и бистри случувања, како што се апсењето на 17-те припадници на затворската полиција, поврзани со бегството на затвореникот од Идризово и пријавите на МВР за малите прекршоци, кои се случија при гласањето на Претседателските избори.

Следењето на овие настани има голем одзив во јавноста. Со текот на времето истражувањето прерасна во потреба за граѓаните преку барометар на корупција, да ја увидат волјата на државата и како таа се справува со овој проблем.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе