Македонија
(Видео) Ахмети: Тие што мислат дека можат да држат куќа со кредит, резултатот го видоа на 24 април
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во рамки на активностите за кампањата за парламентарните избори, ги продолжи средбите со граѓаните во општина Кичево. Пред присутните истакна дека куќата не се одржува со кредит и дека тие што мислат дека можат да држат куќа со кредит, резултатот го видоа на 24 април.
Вие сте прва гарда за брза интервенција, вие сте прва гарда за брза акција, не е мала задача 8 спрема 2. За понатаму знаете дали правите 9 спрема 1, тоа е во ваши раце. Некој мисли да одржува куќа со кредити, ние сме тие што работиме и си обезбедуваме леб, тие што размислуваат со кредити, не можат да чуваат куќа и резултатот се виде на 24 април. Ја имавме платформата и фронтот, имавме за кого да работиме, Албанците се обединија во Фронт по 22 години по ред. Фатмир ми е сведок како доаѓа албански партии во Шипковица и континуирано работевме да настапуваме заедно, подобро доцна отколку никогаш. Фронтот обедини генерации и луѓе кои имаа разлики и овој фронт е долгорочен и не е за една употреба. Да дејствуваме до полноправно членство на земјата во ЕУ, како единствена алтернатива бидејќи немаме друг пат, додека не и кажеме ДА на Европа, нашата определба да бидеме членка на ЕУ за неколку години, како единствено решение за да луѓето не бараат пидобар стандард надвор од земјата, изјави првиот човек на ДУИ Али Ахмети во Кичево.
Кандидатот за пратеник Муса Џафери, пред присутните изјави дека на овие избори победник ќе биде Европскиот фронт, а во петтата изборна единица ќе има над 30.000 гласови.
Никогаш не сме се сомневале дека Кичево и околината ќе и дадат поддршка на ДУИ бидејќи ДУИ тоа со работа го докажа и не дозволи да се презира и прекрши албанскиот глас. Не се сомневаме дека ќе бидеме победници и дека другата страна не може да не победи. Легитимитетот го дава народот, гласачот, вие давате легитимитет кој ќе управува со државата и тоа не е во рацете на лидерите на другите политички партии кои се обидуваат да водат психолошка војна и тоа не треба да не засега. Да бидеме единствени и ние во зона 5 ќе имаме 30.000 гласови и Европскиот фронт ќе биде втора партија во конкуренција на ниво на зона, рече Џафери.
Градоначалникот на општина Кичево како и шеф на изборниот штаб, Фатмир Дехари, оцени дека Европскиот фронт е многу доброприфатена опција не само во Кичево туку и во целата држава.
Нашата кампања ја темелиме на три столба, нашиот глас и гласот на Европскиот фронт, кој е добредојден во нашиот град, е прифатливс идеја низ целата земја и ние сме ви благодарни што заедно продолжуваме да ги обновуваме бројките не само во нашиот град, но и на национално ниво. Во гласот што не успевма да го добиеме и во гласот на граѓаните кои гласаа за опозицијата и од икс причини душата им е кај ДУИ. И со ова ве покануваме, како и секогаш, активисти дали сте уморени вие активисти? Претседателе, ние ја продолжуваме работата напред, нагласи Дехари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп
Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп.
„Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради сомневања за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.
Засега не е позната локацијата каде што е приведен судијата, ниту пак, за колкава сума станува збор.
Македонија
Сиљановска доби честитка од кралот Чарлс
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што претседателката Сиљановска Давкова истакна дека нашата држава придава особено значење на развојот на пријателските односи и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО алијансата. Претседателката Сиљановска Давкова посочи на нејзината подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка со Обединетото Кралство во сите сфери од заемен интерес.
Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека како држава особено ја цениме британската поддршка во исполнувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија, која продолжи и по Брегзит.
Амбасадорот Лосон на претседателката Сиљановска Давкова и предаде честитка од Кралот Чарлс Трети по повод нејзиното стапување на функцијата, во која упатува најискрени честитки за нејзиниот избор.
„Уверен сум дека ќе го вложите целиот Ваш капацитет за време на Вашиот мандат како Претседател за справување со големите предизвици на нашето време, почнувајќи од справувањето со климатските промени до продлабочувањето на евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Многу сум задоволен што нашите две земји имаат воспоставено цврсти трговски и безбедносни односи. Оттука, се надевам дека за време на Вашиот мандат како Претседател односите, кои се веќе толку блиски, уште повеќе ќе се продлабочат“, се вели во честитката од Кралот Чарлс Трети.
Македонија
Сиљановска Давкова се сретна со украинската амбасадорка Дир
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Украина, Лариса Дир.
На средбата, беше изразено задоволство од традиционалните пријателски односи, засновани на заемна почит и меѓусебно разбирање. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нејзината заложба за продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, реафирмирајќи ја поддршката за Украина против руската агресија, со која се поткопува европската глобална безбедност и стабилност.
Двете соговорнички разменија мислења и за стратешките определби и перспективите на двете земји, истакнувајќи ја потребата од натамошна заемна помош, споделување искуства и експертиза. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи македонската поддршка за Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО.
Амбасадорката Дир, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова ѝ посака успешно извршување на функцијата.