Ѓорѓев во одлична гол-форма: И трет меч по ред стрела за победа на Арау (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Никола Ѓорѓев игра во одлична форма пролетва во дресот на Арау во Втората швајцарска лига.

Ѓорѓев и трет едноподруго натпревар е стрелец за својата екипа, овој пат погодувајќи во гостинската победа на Арау од 0-1 над Баден.

Македонскиот офанзивец погоди во 69. минута од средбата на асистенција на Фазлиу што беше доволно за гостински триумф на Арау, кој е на третото место на табелата во Втората швајцарска лига.

Ѓорѓев сезонава има осум гола за Арау, и е меѓу десетте најдобри стрелци во втората по квалитет швајцарска фудбалска лига.

Се вчитува...