Премиера

Бојана Скендеровски ја промовираше „Лажни светови“: „Одамна сакав ваква песна“ (Фото+Видео)

Во понеделникот, 4-ти март, во познатиот скопски ресторан „Дион“, познатата македонска пејачка Бојана Скендеровски ја промовираше својата најнова песна „Лажни светови“. Како што самиот ПР-от и промотор на песната и видеоспотот, Александра Тимковска-Сани кажа на промоцијата, станува збор за одлична балада во која таа го покажува сиот свој раскош, сета своја емоција.

„Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош“, истакна Сани. Автор на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот е со потписот на Димитар Андоновски.

„Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто што ќе трае. Сакав песна со музика, мелодија и песна што ќе може да биде отсвирена во живо, со инструменти. Во денешно време на компјутерска музика ни недостасуваат песни со мелодија отсвирени во живо“, рече Бојана и призна дека верува во “Лажни светови” зашто е направена со многу љубов, емоции.

За песната е снимено и видео кое е работено под капата на Скендеровски продукција, во кое главната улога и припаѓа на Бојана, а акцентот е ставен на емоцијата. Бојана се појавува во неколку интересни креации за кои беше задолжена Ивана Кнез.

Тука не завршуваат новитетите кога е во прашање името на Бојана и Скендеровски продукција – имено на 23-ти март стартува вториот дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

Прв на списокот градови е Свети Николе. Концертот е закажан на 23-ти март на Тодорова сабота, а стартот на концертот е во 14 часот и истиот ќе се одржи во рамките на прославата која е традиционална во овој град и е по повод овој убав празник. Значи, убавата македонска песна продолжуваме да ја славиме и оваа година, а пораката останува иста – дојдете заедно да пееме и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.

Можеби ќе ве интересира: