Екс колегата на Британецот: И јас бев изненаден од потегот на Хамилтон

Возачот на Заубер, Валтери Ботас, смета дека неговиот поранешен тимски колега Луис Хамилтон, би можел да ја врати титулата во витрините на Ферари по долг период.

Луис Хамилтон направи потег од кој многумина останаа шокирани, бидејки не очекуваа да го видат Британецот во завршетокот од кариерата како возач на италијанската екипа.

Седумкратниот Ф1 шампион се реши за трансфер во Ферари, бидејки и веројатно сонот му е да вози за славната екипа од Италија, па евентуално со нив да ја освои и осмата титула, која ќе му гарантира „бесмртност“ и главно место во историјата на Ф1.

– Да, останав и јас како и останатите изненаден поради потегот на Хамилтон, но тоа е добро за него. Сигурен сум дека за него ова ќе биде возбудлив проект и ќе се обиде да дојде до титула со Ферари, ако некој може да ја врати титулата во Ферари, тоа е сигурно Лус Хамилтон, порача Валтери Ботас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО