Дефицитот на јавните финансии во еврозоната изнесува 516,3 милијарди евра

од Vladimir Zorba

Последните податоци на Евростат, статистичката служба на Европската унија, откриваат дека дефицитот на јавните финансии во еврозоната изнесува 516,3 милијарди евра. Што претставува 3,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Во истиот период во цела ЕУ е забележан дефицит од 594 милијарди евра. Што е 3,5 отсто од БДП.

Во 2023 година, сите земји-членки, освен Кипар и Данска и Ирска и Португалија, пријавија дефицит во нивните јавни финансии. Најголем дефицит имаа Италија (-7,4 отсто), Унгарија (-6,7 отсто) и Романија (-6,6 отсто). Единаесет земји-членки на ЕУ имаа дефицити кои надминаа 3 отсто од БДП.

На крајот на 2023 година, најнизок сооднос на државниот долг во однос на БДП е забележан во Естонија (19,6 отсто), Бугарија (23,1 отсто), Луксембург (25,7 отсто), Данска (29,3 отсто), Шведска (31,2 отсто) и Литванија (38,3 отсто). Тринаесет земји-членки имаа сооднос на државниот долг повисок од 60 отсто од БДП. Највисоки стапки се забележани во Грција (161,9 отсто), Италија (137,3 отсто), Франција (110,6 отсто), Шпанија (107,7 отсто) и Белгија (105,2 отсто).

Во 2023 година, државните расходи во еврозоната изнесуваа 50,0 отсто од БДП, додека државните приходи изнесуваа 46,4 отсто. Во истиот период, во целата ЕУ, расходите изнесуваат 49,4 отсто од БДП. Додека приходите изнесуваат 45,9 отсто. Соодносот на државните приходи и расходи се намали и во еврозоната и во ЕУ во споредба со 2022 година.

Слични содржини