„Мохамед Салах не е светска класа“

Мохамед Салах остави неизбледлива трага во Премиерлигата. Египетскиот репрезентативец на Ливерпул на својот клуб му помогна да ја освои првата шампионска титула по 30 години со 19 голови и 10 асистенции во сезоната 2019/20, претходно постави и нов рекорд по бројот на постигнати голови во една сезона, но и покрај тоа за поранешниот голгетер Јакубу тој не е фудбалер од светска класа.

Екс репрезентативецот на Нигерија упати остри критики кон Салах велејќи дека најголемиот број од неговите голови се постигнати на среќа и воедно дека тој не е ниту најдобриот Африканец кој настапил во елитата на англискиот фудбал.

„Мохамед Салах не е светска класа по мое мислење. Не е добар во игра со топка и најголемиот дел од головите ги постигнува на среќа. Не можете да кажете дека тој е најдобриот Африканец кој играл во Премиерлигата. Најголемите африкански фудбалери кои играле тука се Окоча, Дрогба, Кану, Јаја Туре, Адебајор и Садио Мане“, изјави Нигериецот.

Се вчитува...