Поврзете се со нас

Свет

Боксови, клоци, лизгачки стартови и шест црвени картони: Вистински хаос на дербито Зенит-Спартак (Видео)

Објавено

на

Фудбалот во Русија не е во прекин откако оваа селекција беше остранета од Светското првенство во Катар, а активностите денеска донесоа едно големо дерби во Купот.

Конечниот резутлат во регуларните 90 минути на пресметката меѓу Зенит и Спартак Москва заврши 0:0, но тука не заврши и работата за главниот судија на мечот.

Пред да дојде до изведување на пенали во кои подобри беа играчите на Зенит, судијата имаше огромна работа, но и сите оние лица задолжени за обезбедување крај теренот.

Голем број играчи на двата тима влегоа во жестока физичка пресметка и летаа боксови, клоци и лизгачки стартови во неверојатна мешаница, па арбитарот Москалев мораше да покаже шест црвени картони.

Иако таква „награда“ заслужија многу повеќе, на крајот исклучувања добија Малком, Родриго и Бариос во Зенит, односно Николсон, Селиков и Соболев во Спартак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни