Прво место на Западот и награда за тренер на годината

од Vladimir Zorba

Тренерот на Оклахома Сити Тандер, Марк Дањолт ги предводеше Тандер до првото место во поредокот на Западната конференција, а како награда за тоа дојде и признанието за Тренер на годината.

Талентираниот стручњак го има на располагање најмладиот тим во НБА, а Тандер се воедно и најмладиот тим што некогаш го освоил првото место пред плеј-офот.

„Успехот на нашиот тим оваа сезона беше резултат на група талентирани играчи чија посветеност и конкурентност беа невообичаени. Беше привилегија да ги тренирам“, рече Дањолт.

Оклахома ја заврши сезоната со 57 победи и 25 порази, што е значително подобрување во однос на претходната натпреварувачка година во која завршија на 10-то место.

Слични содржини