Палестинците од Газа истрелаа две ракети, а потоа Израел ја нападна Газа

од Radmila Tasevska

Денес палестинските милитанти истрелаа две ракети од Појасот Газа кон јужен Израел, но тие беа пресретнати од израелската противракетна одбрана, а потоа Израел изврши напади врз Газа.

Палестинските милитанти истрелаа ракети откако израелските сили во четвртокот убија девет лица во операција во градот Џенин на Западниот Брег, од кои седум беа вооружени и двајца цивили.

Ракетите истрелани во текот на ноќта ги активираа сирените за воздушни напади во израелските заедници во близина на границата со Газа, а жителите беа предупредени да се засолнат, јавува Ројтерс.

Слични содржини