ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција сè уште без став за францускиот предлог

Албанската опозиција сè уште без став за францускиот предлог

Албанската опозиција сè уште нема дециден став во однос на францускиот предлог, дали треба да се прифати или отфрли. كيف تربح المال من الانترنت مجاناً

Пратеничката Илире Даути од Алијанса најави одлуката во наредните денови, а Фадил Зендели од БЕСА рече дека внимателно го следат целиот процес, имајќи ги во предвид грижите на сограѓаните Македонци, бидејќи францускиот предлог има многу чувствителни прашања.

Но, од двете партии велат дека ако се отвора Уставот, тогаш дефинитивно во него ќе треба да се реши и прашањето за користење на фразата „20 проценти“ за албанскиот јазик.

“Алијанса за Албанците никогаш немала дилеми за своите стратешки ориентации, особено за ориентацијата на земјата кон НАТО и ЕУ. الرهان على سباق الخيل Ние детално ќе го разгледаме францускиот документ и подетално ќе се изјасниме за сите аспекти содржани во тој документ и за другите елементи што ќе треба да следат по овој момент. Ние сметаме дека е многу важно за нас, дефинитивно, лека-полека албанскиот јазик во Уставот на државата да биде дефиниран така како што е, албански јазик“,изјави Илире Даути, Алијнса за Албанците.

“Внимателно ја следиме оваа ситуација имајќи ја предвид чувствителноста на прашањето поради нашите сограѓани Македонци бидејќи тоа е чувствително прашање поврзано со идентитетските прашања, со прашање за нивниот јазик и сакаме да бидеме многу внимателни. Но, она што начелно како Движење БЕСА ќе го бараме е со уставни измени да се отстрани фразата ‘20 проценти’ и да се замени чисто со тоа што се дефинира како албански јазик“, рече Фадил Зенели, Движење БЕСА.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button