еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Кој ја навреди Гордана Сиљановска Давкова

Професорката Гордана Сиљановска Давкова, кандидат за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ на митинг на СДСМ во Куманово во недела навечер беше навредена од страна на активист на СДСМ врз основа на пол и возраст, што предизвика лавина од реакции.

Истиот го водеше портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, која за време на митингот не реагираше за навредите, а како што може да се види на видеото не реагираше ни кандидат за претседател на СДСМ, актуелниот македонски претседател, Стево Пендаровски.

Кузеска реагираше за навредите и истите ги осуди на Фејсбук по завршувањето на митингот, а осуда од тимот на Пендаровски стигна следниот ден.

Осуди пристигнаа и од бројни функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, а партијата побара и извинување.

Реагираше и Сиљановска Давкова на синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

-Ми зборувате за мојата старост, но јас нема да зборувам за вашата младост, ама ќе победам, рече таа и додаде дека во антиката возраста значела и мудрост.

-Се е во ред со мене и физички и психички. И подготвена сум за дебата, ама никако да се согласат за дебата пред одговорни новинари, рече Сиљановска Давкова.

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ/СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе бара отштета од Бугарија и поддршка од ЕУ за таксата за транспорт на руски гас доколку не бидат ослободени капацитетите на гасоводот

Редакција

Аеродром со над 1.300 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

Власта и опозицијата на иста линија: Собранието го изгласа Законот за спречување на корупцијата

Редакција