Дневен хороскоп за петок (29.03.2024)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Oвeн – Иако ќе ви изгледа дека сите ситуации во врска со преговорите ги држите под своја контрола, немојте да бидете импулсивни во носењето на одлуки. Повикајте пријатели, роднини на дружба, ќе ви годи близок круг на позитивни лица.

Биĸ – Иако овој петок ве очекуваат доста договори, планирања, сето тоа ќе го држите под контрола. Но, финансиите ќе бараат дополнително внимание. Сосема коректен ден ќе биде добро да го искористите за зближување и подигнување на повисоко ниво на вашата врска. Страстите нема да недостасуваат.

Близнaци – Нема пречки пред вас овој петок. Некои од вас може да очекуваат поволни исходи од договорите кои сте ги почнале. Бидете отворени, опуштени, разговарајте, посветете се со посебно внимание и разбирање на личноста која ви значи.

Paĸ – Со леснотија ќе ја приведете на крај оваа работна недела и ќе почнете да се подготвувате за викенд. Се подразбира дека во своите планови ќе ја вклучите и драгата личност. Заедно е се многу лесно и убаво.

Лaв – Лошо расположение и прилично променливо ниво на енергија е предупредување денеска ништо да не форсирате. Завршете ги само неодложните обврски. Нема пречка за фина, опуштена комуникација, флерт, само без преголеми очекувања.

Дeвицa – Добар период тек следува, а на вас е да бидете внимателни во комуникацијата и договорите, затоа што се можни разни малверзации. Немојте да дозволите сите ваши активности во сферата на љубов да се сведат само на приказна.

Baгa – Не е лош работен ден за оние кои веќе имаат испланирани обврски. Основниот предуслов е добра организација и поделба на одговорностите. Немојте да брзате во љубовта, добро „измерете“ и размислите да направите барем уште еден директен чекор кон подобрување на актуелната ситуација.

Cĸopпиja – Обврски има колку сакате, но се оди по својот тек, така што причина за загриженост нема. Денеска ќе ви биде здодевно на љубовното поле. Од повеќе страни може да добивате љубовни сигнали, а вие одберете го она што најмногу ве привлекува.

Cтpeлeц – На полето комуникација и склопување на нови договори, денеска имате одлични можности. Размислете за заеднички акции со саканата личност, потребен ви е заеднички одмор, некое патување, уживање…

Japeц – Вредниот и професионалниот ангажман во изминатиот период би требало дополнително да ве мотивира да бидете уште поистрајни во своите намери. Искушенијата поради страсти нема да недостасуваат денеска. Опуштете се и уживајте.

Boдoлиja – Иако ќе дојде до некои предизвици поради наметнати обврски од надредените, тоа не би требало премногу да ве поремети. Можеби работните обврски ќе ви одземат многу енергија и ќе ви остават малку време за љубовното поле. Но, блиску е викендот за поправање на ситуацијата.

Pиби – Ќе бидете задоволни од остварените резултати на крајот на оваа седмица. Ве очекува добра работна атмосфера. Предизвикувачки може да биде на вашето љубовно поле денеска. Ако сакате експериментирање, само напред.