Македонија

Даштевски: Цензусот за претседателските избори е исполнет, изборите беа успешни, фер и демократски

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на прес-конференција изјави дека денешните двојни избори – вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори биле фер и демократски и дека професионално се спроведени.

,,Еднакво право на глас е дадено на сите граѓани. Тие гласаа по сопствена волја”, рече Даштевски.

Претседателот на ДИК, Даштевски соопшти дека е постигнат цензусот за претседателските избори.

Се очекува ДИК да излезе со првични неофицијални резултати од изборите најдоцна до 23:30 часот.

На почеток