Конгрес на УЕФА за промени: Сите за, само Англичаните против Чеферин!

Само Англичаните ги поддржуваат ставовите на Звонимир Бобан кој ненадејно ја напушти Европската фудбалска унија (УЕФА) поради несогласувањата со претседателот Александер Чеферин (56), пишува англискиот „Атлетик“.

Сите други земји-членки на УЕФА се на страната на Чеферин кој заговара промени во статутот на УЕФА. Денеска на Конгресот на УЕФА треба да се гласа за измените на статутот, а меѓу амандманите е и оној што би требало да му овозможи на Чеферин четврти мандат.

Според „Атлетик“ само Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ќе гласа против тој амандман, што беше причината Бобан да ја напушти УЕФА.

Атлетик наведува дека Бобан прв се побунил против Чеферин. По заминувањето на Бобан се чинеше дека таквиот негов потег може да поттикне многу од 55-те асоцијации на УЕФА да му свртат грб на Чеферин, по се’ изгледа, тоа нема да се случи.

За да се усвојат измените на статутот по волјата на Чеферин, ќе биде потребно двотретинско мнозинство од 55-те земји-членки на УЕФА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО