ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уапсено лице од Косово, пронајдени 1592 штеки со цигари и други производи

Уапсено лице од Косово, пронајдени 1592 штеки со цигари и други производи

Денеска (14.04.2024) во 00.30 часот на место викано „Рушени воденици“ полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север, го лишиле од слобода Г.Л.(42) од Р.Косово.

При извршен преглед кај пријавениот биле пронајдени и одземени 1592 штеки со цигари и други производи за кои немал никакви документи.

За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Тетово, а по негово документирање против Г.Л. ќе биде поднесена пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button