Сончево и топло со мала облачност

Во петокот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од 2 до 9, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот 15 и 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околуната денеска ќе биде, исто така, сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 25 степени.