Шји: Кина не е ниту страна ниту учесник во украинската војна

Шји: Кина не е ниту страна ниту учесник во украинската војна

пред 1 месец

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на разговорот со германскиот канцелар Олаф Шолц во Пекинг изјави дека Кина не е вклучена во руската војна против Украина, пренесува германската агенција „Дпа“.

„Кина не е ниту страна ниту учесник во украинската криза“, се вели во соопштението објавено во вторникот по средбата меѓу двајцата лидери во Пекинг.

Наместо тоа, Кина отсекогаш „промовирала мировни преговори на свој начин“, рече Шји.

Пекинг ќе поддржи меѓународна мировна конференција во догледно време, но Русија и Украина ќе мора да ја прифатат, рече кинескиот лидер.

Досега Москва ја одби поканата за планираната конференција во Швајцарија во јуни. Сè уште се чека одговорот на Кина на поканата на алпската земја.

Кина е близок сојузник на Русија. Постојано има обвинувања за кинески компании што ја снабдуваат Русија со таканаречените стоки со двојна употреба – оние што може да се користат и за цивилни и за воени цели.

Текстот Шји: Кина не е ниту страна ниту учесник во украинската војна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top