• сабота, 18 мај 2024

Во Велес приведен бегалец од затвор

Во Велес приведен бегалец од затвор

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Во Велес синоќа во 21:30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода велешанецот Х.Б.(48), кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата, соопштија денеска од МВР.

- Имено, околу 19:30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари. Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал, се појаснува во соопштението.  

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото: МИА архива
 

Остани поврзан