21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Од нас зависи дали ќе влеземе во ЕУ до 2030

„Тоа сега зависи од нас, во најголема мера. Дали ќе влеземе во ЕУ до 2030 зависи и од исходото на овие избори, и од однесувањето на политичките субјекти потоа и од посветеноста на Владата да ги продолжи реформите. Европската Комисија има јасна визија за проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан и таа цел е високо на агендата на ЕУ“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за „Локално“, запрашан дали БиХ, Молдавија и Украина ќе станат членки во ЕУ пред Македонија.

Тој додаде дека европската агенда е единствената опција на проспертитет на нашата земја.

„Наше е да продолжиме да го трасираме патот кон ЕУ преку реализацијата на реформите, преку владеењето на правото, демократските институции и реформите во јавната администрација“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека членството во ЕУ до 2030 година е реална можност, а дали ќе бидеме на бината кога во 2030 ќе бидат примени нови членки, зависи од нас.

„Или ќе ги гледаме проблемите на начин на којшто сакаме да ги завршиме или ќе ги гледаме на начин никогаш да не ги решиме за да ни служат за популизам и национализам“ рече Маричиќ.

Спонзорирано: