EPA-EFE/LUKAS COCH

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека оваа сезона најверојатно му е последна во кариерата, но не сакаше да дава никакви официјални најави, надевајќи се дека здравјето ќе му се подобри и дека ќе може да игра тенис и по 2024 година. Но, реалноста е сосема поинаква – Надал едвај го „почувствува“ теренот од Вимблдон во 2022 година…

Тој мораше да се повлече од Мастерсот во Монте Карло, потоа брзо беше елиминиран во Барселона, додека сега во Мадрид објави дека дефинитивно ова му е последна година.

  • Не сум сигурен дека ќе бидам 100% подготвен, но овој турнир ми значи и сакам да го одиграм мојот последен Мастерс во Мадрид. Ова е посебно место и посебен терен за мене, изјави Надал пред почетокот на натпреварувањето.

Секако, приоритет на Надал не е да го освои Мадрид, туку да го достигне оптималното ниво на физичка подготвеност што ќе му овозможи да игра на Ролан Гарос каде што го брка својот 15. Грен-слем.