Утрински Весник
Свет

Aстразенека горда на својот придонес за ставање крај на пандемијата: Само во првата година спасени над 6,5 милиони животи

677z381 Wewww.jpg
Screenshot

Ковид-19 од светскиот пазар, сакаме да ја информираме јавноста дека сме крајно горди на улогата што споменатата вакцина ја одигра во ставањето крај на глобалната пандемија“, соопштија од компанијата Астразенека во врска со тврдењето за повлекување на нивната вакцина.

Pet Utrinski

Како што наведоа, „во поткрепа на ова, податоците од независни проценки кажуваат дека само во првата година од употребата биле спасени повеќе од 6,5 милиони животи, а повеќе од три милијарди дози биле испорачани на глобално ниво“. Астразенека посочува дека како компанија ја разбрале сериозноста на моментот во кој се наоѓаме сите и за време на пандемијата овозможиле еднаква и истовремена достапност на вакцините до земјите ширум светот, откажувајќи се од профитот од вакцините, за време на пандемијата.

Screenshot

„Нашите напори за развој на вакцини против Ковид се препознаени од владите ширум светот и се сметаат за клучни за ставање крај на глобалната пандемија“, се вели во соопштението.

„Врз основа на обемни докази од клиничките испитувања и достапните податоци, Ваксеврија постојано демонстрираше прифатлив безбедносен профил, додека регулаторните тела ширум светот постојано нагласуваат дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат ризиците од екстремно ретки можни несакани ефекти. Бидејќи во меѓувреме се развиени вакцини кои штитат од неколку различни видови на вирусот „Ковид-19“, токму тоа доведе до намалување на побарувачката за Ваксеврија, која повеќе не се произведува или снабдува“, соопштија од Астразенека.

Можете да прочитате

Путин наредил испраќање на два авиони, хеликоптер и 50 спасувачи во потрага на Раиси

Тројца спасувачи кои трагаа по хеликоптер на Раиси исчезнаа

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси по тешко слетување