Поврзете се со нас

НБА

Кари збесна поради еден потег на Пул и заработи бизарно исклучување (Видео)

Објавено

на

Стеф Кари беше најдобар реализатор на Голден Стејт во победата над Мемфис, но не можеше да им помогне на соиграчите во последните 74 секунди од мечот.

Првата ѕвезда на актуелниот шампион заработи исклучување од судиите и тоа поради бизарна причина, поради што и НБА фановите не се штедеа во критиките кон официјалните лица.

Кари ги загуби нервите по еден избрзан шут на Џордан Пул и ја фрли заштитната протеза покрај теренот, реакција поради која судиите решија да го елиминираат од мечот.

На крајот Голден Стејт победи со 122:120, а Пул ги постигна решавачките поени, но Кари сигурно нема да биде задоволен од одлуката која не му дозволи да игра во финишот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни