Моторциклист удрил во велосипедист и побегнал

од Stefanija Kuzmanovska

На 25.03.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Виница од ЈЗУ Здравствен дом Виница било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(48) од Кочани со тешки телесни повреди.

Имено, околу 12.40 часот на регионалниот пат Виница-с.Лески се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Б.С. и моторцикл управуван од возач кој го напуштил местото на настанот.

По превземени мерки бил пронајден моторциклистот и било утврдено дека станува збор за Р.С.(29) од с.Лески-виничко.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Слични содржини