Македонија во жолта фаза, ќе дува ветер со брзина од над 70 километри на час!

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метеоаларм како предупредување за опасност од пообилни врнежи на дожд и услови за невреме, а од полноќ цела Македонија влегува во жолта алармантна фаза.

Според најавите, дожд може да се очекува уште денеска во попладневните часови.

Нѐ чека една прилично врнежлива ноќ а дождот ќе се провлекува и утре во текот на целиот ден. Тоа ќе донесе значително намалување на температурите кои се очекува да паднат за повеќе од 10 степени.

Утре и во четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Во текот на овој период врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.

Во Скопје од утре до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и појава на грмежи. Од петок до почетокот на следната седмица ќе има поголем пад на температурата со повремени врнежи од дожд.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави