30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНа пат е вакцина против наркоманија

На пат е вакцина против наркоманија

Се подготвува нов вид вакцина – против наркоманијата. Како функционира и дали може да ги излечи и зависниците од тутун или алкохол?

Имено, оваа вакцина се развива во Америка и Бразил. Според експертите, по вакцинацијата, се произведуваат антитела во крвта и насочено се врзуваат за кокаинот. Се создаваат формации кои поради нивната големина не можат да поминат низ крвно-мозочната бариера. Со тоа се спречува стимулацијата на мозокот, а со тоа и чувствата кои ги носи консумацијата на кокаин.

Ја спречува реакцијата на мозокот што предизвикува желба повторно да се земе дрогата.

Она што сите се прашуваат откако дознаа дека се подготвува вакцина против наркоманијата е дали ќе делува само на оние кои се веќе зависни од дрога или ќе може превентивно да се зема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП