Кошаркарите на Реал Мадрид се пласираа на фајналфорот на Евролигата, откако славеа и во третиот меч (3:0) во четвртфиналната серија против Басконија.

Најдобар играч во победничкиот тим беше Гершон Јабуселе, кој постигна 23 поени и имаше седум скока. Марио Хезоња запиша 16 поени и четири скока, Факундо Кампацо 13 со осум асистенции и четири скока, а истиот поентерски учинок го имаше неговиот сонародник Габриел Дек.

Кај Басконија, Маркус Хауард мечот го заврши со 29 поени.