Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко  го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили Виктор Гулевич.

„Генерал-мајор Виктор Гулевич беше разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба 192 беше потпишана од претседателот“, се наведува во соопштението и се додава дека Гулевич е разрешен од служењето на војската поради неговата возраст, но дека го задржува правото да носи воена униформа, пренесува Известија.

Претходно Лукашенко го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лошите резултати.

Текстот Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија е превземен од МАКФАКС.