Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: УТРЕ (НЕДЕЛА) ОЧЕКУВАЈТЕ НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – Температурите позначително ќе опаднат

Download 1 3.jpg
300x250 (7)

Денес иако со повеќе сончеви периоди во Македонија, сепак во попладневните часови ќе има појава на повремен локален дожд, што значи дека ќе има нешто повеќе облачност.  Под влијание на нов поголем влажен и студен воздушен бран од север  и од северозапад, утре на повеќе места низ Македонија ќе има нови пообилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени и со појава на грмежи, како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално ќе наврнат нови над 25 л/м2 воден талог.

Поради падот на температурите на воздухот, на планините и тоа особено во западните  и во северозападните предели со надморска височина од над 1100-1200 метри ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира  и снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, на повисоките планини таа би можела да биде  и поголема.

Ss1

Во Скопје  и околината исто така утре очекуваме нови врнежи од дожд, а во делови од котлината можна е и појава на нестабилност, проследена со грмежи како и со засилен ветер. Што се однесува до температурите, до крајот на денов тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Утре ќе биде значително посвежо и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани