Утрински Весник
Македонија

ЗА ПРВОМАЈСКИТЕ ПРАЗНИЦИ СКАРА САМО ПРЕТПЛАДНЕ: Од пладневните часови врнежи, грмежи и услови за локално невреме

Download 8.jpg

Речиси како секоја година, па така и оваа за Првомајските празници, во претпладневните часови ќе си правиме скара на отворено, додека од пладневните часови ќе ни биде потребен чадорот, поради тоа што се очеува нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради загреаната Атмосфера, и исполнета со енергија, не се исклучува можноста и за појава на локално невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Токму ова е поради влијанието на циклонската активност од запад. И во Скопскиот регион за овој празник се очекува попладневна локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Со оваа промена која не очекува за Првомајските празници, влегуваме во подолг период на многу нестабилно време и со чести врнежи и грмежи, што значи променливо и нестабилно време ќе имаме и за Велигденските празници. За Првомајските празници температурите остануваат пролетно високи и без промени, додека потоа барем одсега гледано, се очекува пад на истите и заладување на времето.

Можете да прочитате

НАЈАВА ЗА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: За време на викендот температурите ќе надминат 30 степени, но стабилно ќе биде само во петок и во сабота, потоа невреме

20-годишна девојка исчезна од својот дом во Мралино

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи