Поврзи се со нас

Вести

Во Русија почнаа тридневните претседателски избори

Објавено

на

Во Русија денеска почнаа претседателските избори кои ќе траат до 17 март, а на кои актуелниот претседател Владимир Путин се кандидира за петти мандат.

Ова се први претседателски избори на кои гласаат и жителите на четирите украински региони – регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои беа анектирани од Русија во септември 2022 година.

Според законот за избори за претседател на Руската Федерација, државјаните на Русија можат да учествуваат на претседателските избори како независни кандидати или како кандидати на политички партии, а за да се пријават за учество на изборите треба да достават соодветна документација до Централната изборна комисија.

Анкетите и истражувањата на јавното мислење објавени од руските државни медиуми покажуваат дека Путин ужива поддршка од околу 80 отсто од граѓаните, што е повеќе отколку пред почетокот на војната во Украина.

Неговата кандидатура за петти мандат беше овозможена откако Државната дума ги усвои амандманите на Уставот во 2021 година според кои, меѓу другото, ограничувањето на бројот на мандати во кои едно лице може да биде претседател на Русија се однесува на актуелниот лидер на земја, без да се земат предвид неговите претходни претседателски мандати.

Покрај Путин, на изборите учествуваат и претседателот на Либерално-демократската партија на Русија, Леонид Слуцки, кандидатот на Комунистичката партија Николај Харитонов и кандидатот на партијата „Нови народи“ Владислав Даванков.

Но, на изборите нема да учествува опозицискиот политичар Борис Надеждин, кој минатиот месец беше дисквалификуван од Централната изборна комисија поради грешки направени при собирањето потписи.

Поради повеќе временски зони во Русија, прво беа отворени избирачките места на крајниот исток на земјата, во автономниот округ Камчатка и Чукотка, а потоа и во областа Магадан, Сахалин и Курилските острови. Последните избирачки места што се отворени се во Калининградската област, на Балтичкото Море.

Претседателските избори ќе ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет меѓународни организации, а акредитирани се повеќе од 200 парламентарни набљудувачи и неколку десетици експерти за изборниот процес, соопшти Советот на Руската Федерација.

Во Русија право на глас имаат околу 110 милиони граѓани, а резултатите од претседателските избори треба да бидат објавени најдоцна до 28 март.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена