Магичниот Дончиќ со тројки му донесе „брејк“ на Далас против Клиперс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас успеаја во серијата со ЛА Клиперс, да израмнат на 1-1 во победи со победата на теренот на противникот од 93-96.

Во првите 12 меча од овосезонскиот плеј-оф, немаше ниту еден брејк, а потоа Индијана триумфираше во Милвоки, за Далас во напната завршница победнички го напушти Лос Анџелес.

За разлика од првиот меч кога кошаркарите на Далас беа невидливи, сега избраниците на Џејсон Кид настапија доста ангажирано, и благодарение на одличната дефанзива успеаја да го добијат мечот кој го одбележа кој друг ако не Лука Дончиќ со 32 поени и девет асистенции. Неговата тројка за 90-81 се покажа како клучна во самиот финиш на натпреварот, и покрај тоа што домашните се приближија, сепак, немаа доволно сила за пресврт.

Серијата сега се сели во Далас.

Минесота е пред пласман во 1/4 финалето на плеј-офот, со втората победа над Феникс со 105-93. И покрај тоа што Санси одлично се држеа во првиот дел, сепак, во вториот Минесота додаде гас и стигна до добра предност, која ја задржа до крајот за конечен триумф.

Мекданиелс ги предводеше домашните до триумф со 25 поени. Сега на ред се два меча на теренот на Феникс.

Индијана исто како и Далас, направи брејк против Милвоки, благодарение на Паскал Сиакам кој беше неверојатен со 37 поени. Дамјан Лилард кај домашните се истакна со 34, но не можеше се сам. Победникот се наѕираше уште по првиот дел, кога Пејсерс заминаа на пауза со пет поени предност, за само конснтатно да ја зголемуваат предноста до крајот на мечот за конечни 108-125.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Минесота – Феникс 105-93 (2-0 во серија)

Милвоки – Индијана 108-125 (1-1 во серија)

ЛА Клиперс – Далас 93-96 (1-1 во серија)

Се вчитува...