Предавање – Велигден: Тајната на Воскресението и руските и македонските обичаи поврзани со неговото празнување

Утревечер во Рускиот центар во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи предавање на тема Велигден: Тајна на Воскресението и руските и македонските обичаи поврзани со неговото празнување.

На предавањето ќе стане збор за суштината и за значењето на Христовото воскресение. Смртта е најголемиот непријател на човечкиот род. Таа се манифестира двојно: духовно и телесно. Со Христовото спасително дело, на целиот човечки род му е отворен патот кон воскресението. Затоа Велигден е најзначајниот христијански празник.


Во контекст на одбележувањето на овој голем ден, кај православните народи се забележуваат повеќе обичаи, кои имаат поврзаност со суштината на празникот. Некои од нив се заеднички за сите православни, а некои се карактеристични само за одредени средини. Во предавањето ќе стане збор за заедничките обичаи на македонскиот и на рускиот народ, но и за некои од руските велигденски обичаи, кои се помалку познати во Македонија.

Предавањето ќе го одржи јеромонах Атанасиј Арсоски. Тој е свештенослужител во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј“, кој се наоѓа во околината на Скопје. Јеромонахот Атанасиј е одговорен и за издавачката дејност на Скопската епархија на Македонската православна црква.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Бобан Бабунски !!!

Бобан Бабунски е роден во Скопје на 5 мај 1968 година. Тој е поранешен југословенски …