Работнички триумфално од Штип за опстанок, Брегалница ќе стравува до крај (ВИДЕО)

Работнички продолжи да освојува бодови, важни за опстанокот. После „ремито“ кај Воска, победата над Вардар, „романтичарите“ дојдоа до нови три бода и од гостувањето во Штип, кај Брегалница, со што се чини дека тимот од Дебар Маало го обезбедува директниот опстанок во ПМФЛ.

Работнички триумфираше со 1-0, благодарение на голот на Гандо Биала во 59. минута. После една грешка на одбраната на Брегалница, Регба додаде до Биала кој излезе сам пред голот, и стрелаше во мрежата на Јанков.

Брегалница имаше свои шанси за израмнување, но и Работнички пропушти неколку добри шанси порано да дојде до победата.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...