Ново огромно признание: Бојан Миовски во најтесниот избор за фудбалер на годината во Шкотска!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е во најтесниот избор од четворица номинирани играчи во изборот на Здружението на шкотските фудбалски новинари за признанието „Фудбалер во Шкотска за 2024 година“.

Покрај Миовски, во најтесната конкуренција за најдобар фудбалер во Шкотска за 2024, останаа уште голманот на Глазгов Ренџерс, Џек Батланд, играчот од средниот ред на Селтик, Мет О’Рајлии напаѓачот на Хартс, Лоренс Шенкланд.

Во образложението за финалната номинација на Бојан Миовски која, во секој случај, и самата по себе претставува огромно признание се вели дека „Македонецот е клучната алка за Абердин и вистински квалитетен хит во шкотскиот фудбал. Има 15 првенствени голови за тимот на Абердин и постигна гол на Хемпден Парк и во полуфиналето на Лига купот и на шкотскиот Куп“.

Победникот од овие номинации ќе биде објавен пред годишната вечер на доделување на наградите во недела, 19. мај.

Се вчитува...